НовостиСветот на работникот

Еве што му се случува на вашето тело кога ја мразите својата работа

   Време за читање 6 минути

Секој вработен има лоши денови на работното место, но постојат знаци на кои вработените мораат да внимаваат пред лошата недела да се претвори во месеци на исцрпувачки стрес на работа кој може да го уништи здравјето.

Во продолжение ќе дознате за тоа што му се случува на вашето тело кога ја мразите својата работа, пренесува HuffPost.

Не можете да спиете

„Во најголемиот дел од случаите нема да можете да заспиете. Ова е најчестиот знак дека нешто не е како што треба на работа“, рекол клиничкиот психолог од Мерленд, Моник Рејнолдс од Центарот за анксиозност и промена на однесувањето. „Луѓето не можат да спијат бидејќи мозокот им работи забрзано. Се будат среде ноќ размислувајќи за листата на обврски.“

Останувањето будни неколку ноќи не е голема работа, но ако тоа стане образец, тоа може да биде знак дека стресот на работа станал токсичен.

Имате главоболки

Вашите мускули се напнуваат за да го заштитат вашето тело од повреди. Кога на работното место гледате како на опасна зона, вашите мускули остануваат затегнати, тврди Американското здружение на психолози.

Хроничната напнатност во вратот, рамената и главата може да биде поврзана со мигрени и интензивни главоболки. „Стресот создава физиолошки симптоми, а тоа се манифестира како болка“, рекла Рејнолдс.

Ве болат мускулите

Кога работата ви е токсична, може да ви се појави чувство на константна борба. Под перцепираната закана, вашиот мозок го преплавува вашиот организам со адреналин и други хормони на стрес.

„Нашите нервни системи на токсичните работни места постојано се на работ“, истакнала Рејнолдс. „Постојано сме во исчекување, подготвени да реагираме на непријатниот шеф или соработник.“

Вашето менатално здравје се влошува

Рејнолдс приметила дека зголемениот стрес може да ги влоши постоечките проблеми со менталното здравје. „Некој кој би можел да има проблем во токсичното работно опкружување ќе се чувствува лошо, што негативно влијае на менталното здравје.“

Ако чувствувате дека вашиот шеф не ве сака, вашето ментално здравје ќе ја плати цената. Исто така, неправдите на работа и чувството дека не сте доволно ценети може да му наштети на вашето севкупно здравје.

„Неправдата е особено отровен предизвикувач на стрес бидејќи ја погодува сржта на она што сме“, рекла Рејнолдс. Кога кон некој се однесувате неправедно, го напаѓате неговото достоинство како човек – во суштина велите дека не заслужува фер третман или кон него да се однесуваат исто како и кон другите.

Често сте болни

Ако сте постојано настинати, размислете како се чувствувате во врска со вашата работа. Голем број на истражувања покажуваат дека хроничниот стрес може да го загрози имуниот систем правејќи ве осетливи на болести.

Губите интерес за секс

Начинот на кој го поминуваат своето време, го одразува она што го цените. Кога својата работа ја носите дома, вашите односи можат да трпат. Американското здружение на психолози забележува дека кога жените мораат да го усогласат професионалниот стрес со своите лични и финансиски обврски може да се намали нивната желба за секс.

Кај мажите овој хроничен стрес може да резултира со пониско производство на тестостерон, што за возврат доведува до пониско либидо. „Мора да постои одредена количина на опуштеност за да се овозможи чувство на возбуда“, рекла Рејнолдс.

Постојано сте уморни

Ако постојано се чувствувате уморно, без оглед на тоа колку долго спиете, можеби вистинскиот виновник е вашата работа.

Келовеј приметил дека „не постои одреден начин на кој поединците реагираат на токсично работо место“, но рекол дека заморот е во распонот на физички симптоми кои вработените можат да ги чувствуваат.

Токсичните работни места можат да создадат круг кој не исцрпува, рекол Фајфер. „Се чувствувате преоптоварено бидејќи предолго работите, а работите предолго бидејќи се чувствувате преоптоварено“, рекол тој.

Имате дигестивни проблеми

Дигестивните пречки, запекот и надуеноста можат да се поврзат со стресот, бидејќи тој влије на она што цревата го спроведуваат и може да ги промени нашите цревни бактерии, што за возврат влијае на нашето расположение.

Поради тоа може да имате болки во желудникот кога сте вознемирени, рекол Келовеј, кој самиот го искусил тоа на едно тоскично работно место.

„Пред отприлика шест месеци започнав да приметувам дека секоја недела на пладне ме боли стомакот. Не симптомот, туку моментот (токму кога започнав да размислувам за тоа што морам да направам во понеделник наутро) ме предупреди на поврзаноста со работата“, рекол. „Сите симптоми исчезнаа кога дадов отказ и преминав на нешто друго.“

Вашиот апетит се менува

Вашиот апетит е тесно поврзан со вашиот мозок. Под акутен стрес, вашиот одговор на борба или бегање го ослободува адреналинот кажувајќи му на вашето тело да го притисне дигестивниот систем за да се фокусира на спасувањето од перцепираната опасност, вели Harvard Health Letter.

Меѓутоа, под долготраен стрес, набубрежните жлезди на вашето тело се ослободуваат и создаваат кортизол, хормон кој може да го зголеми гладот. Кога вашата работа предизвикува долготрајни емоционални проблеми, можете да се свртите кон храна за утеха.

Харвард истакнува и дека консумирањето на слатки може да ги оттупи реакицијата и емоциите поврзани со стресот, поради што на нив често се гледа како на храна за утеха – но тоа е нездрава навика која би тебало да се избегнува, пренесува РТЦГ.

Извор: BIZLife.rs

Фото: Freepik

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, кариера и човечки ресурси