Жените во Македонија на пазарот на труд се застапени под глобалниот просек !
Во Македонија има ниско учество на жените на пазарот на трудот. Ова е заклучокот од истражувањето на Институтот за економски анализи Finance Think. Жените во Македонија имаат ниска стапка на учество на пазарот на трудот, која изнесува 42,8%, а тоа е под глобалниот просек од 48,7% и под просекот на Европската унија од 52,3%.
Податоците велат дека пандемијата ја влошила ситуацијата, со значителен пад на женското учество од 46,6% пред кризата. Доколку се направи споредба, стапката на учество на мажите е значително повисока, околу 62%. Наодите на експертите откриваат неколку клучни фактори кои влијаат на ваквата состојба и тоа, ограничена поддршка за детска грижа, недостапност на флексибилни работни аранжмани, културни бариери, и зголемени домашни обврски.
Повеќе на Денар