- Advertisement -
НовостиПравда

Идната недела ќе се одлучува дали ќе има рестрикции на работното време на угостителите за време на празниците

Идната недела ќе се одлучува - Работник
205views

Се повеќе се приближуваме до новогодишните празници, па со тоа се поставува прашањето како оваа година ќе се одвива нивното славење со оглед на тоа дека сме во здравствена криза. Поголемиот дел од државите во Европа ги олабавија на строгите мерки за време на Божиќ, односно го тргнаа полицискиот час за овој празник, но не и за нова година.

Кај нас пак наредната недела ќе се одлучува дали дополнително ќе се намали работното време на угостителските објекти за Новогодишните празници, се со цел да нема собири и прослави. Од Инспекцискиот совет велат дека ќе бидат засилени контролите овој период.

– Апсолутно дека ќе има засилени контроли, но ќе зависи од тоа како ќе биде решението. Инспекциските служби не учествуваат во процесот на донесување одлуки дали ќе работат, нема да работат, дали ќе има некакви промени во однос на работењето на угостителските објкети. Во зависност од тоа што ќе се одлучи, така и ќе се организираме, рече Магдалена Филиповска Грашкоска, претседател на Инспекциски совет.

Минатата недела пазарниот инспекторат затворил четири угостителски објекти, три во Скопје и еден во Гостивар поради непочитување на протоколите за заштита од болеста.

Извор: Вечер