МакедонијаСветот на работникот

Извршен увид на градилиштето во Кисела Вода, ќе се врши обдукција на починатиот работник

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото на несреќата во скопската општина Кисела Вода, каде при одрон на градилиште загина еден работник, а тројца се повредени.

Обвинителот издал наредба за обдукција на починатиот, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Од Обвинителството информираат дека во тек е истрага за причините за несреќата, како и за тоа дали биле почитувани прописите за заштита при работа. Во постапката се вклучени и Државниот инспекторат за труд, како и општински градежен инспектор.

Претходно, шефот на смена во Итната медицинска помош – Скопје, Драган Панов, изјави дека според првичните информации, настраданите се на возраст меѓу 35 и 45 години. Сепак, како што посочи, официјалниот увид ќе ги утврди точните околности на несреќата.

Според првичните податоци, починатиот работник имал 34 години.