Истражување: Продуктивноста на работа е најниска помеѓу 15 и 18 часот
Време за читање помалку од минута
Мнозинство работници и менаџери, 71 отсто, веруваат дека доцните попладневни часови е најлошото време за работа и дека продуктивноста најмногу паѓа помеѓу 15 и 18 часот, според истражувањето на Слек (Slack), филијала на калифорниската компанија Сејлсфорс.
Тоа истражување е спроведено во соработка со агенцијата Квалтрикс (Qualtricks) на повеќе од 10.000 испитаници.
Падот на продуктивноста во доцните попладневни часови е последица на нормалниот деноноќен ритам на телото, што значително опаѓа помеѓу 14 и 17 часот, велат експертите.
На вработените им се советува да работат лесна работа, да прават кратки паузи или да ја слушаат омилената музика во доцните попладневни часови за да ја зголемат концентрацијата на работните задачи.
Latest posts by Портал Работник (see all)
- СПМ одржа состанок со Министерот Тошковски - 06/02/2025
- Неделков на средби со членовите на СОНК - 06/02/2025
- Ќе згасне ли автомобилската индустрија во Германија? - 06/02/2025