Како чет ботот ги измамил регрутерите кои читале пријави за работа?

Подготвил: Бобан Илијевски

Пријавата за работа која на напишал чет ботот ChatGPT влегла во потесен избор во една консултантска компанија и со самото тоа поминала далеку подобро од многу вистински кандидати за работа.

Нејл Тејлор, основач на консултантската компанија за комуникации под називот Schva, го тестирал својот тим за вработување, но и софтверот, за да види дали можат да воочат која пријава за работа ја напишал ChatGPT, а која вистински човек.

Неговиот заклучок е дека тимот, но и софтверот за вработување биле потполно измамени.

Тејлор му дал на ChatGPT задача која им ја дал и на вистинските кандидати – да ја опишат „тајната на доброто пишување“ во 300 збора. Барале содржаен и елоквентен текст.

Чет ботот ChatGPT пренел дека тајната на доброто пишување е во вештината да ја „раскажете добрата приказна“.

Имињата и биографиите на кандидатите биле скриени од регрутерите, кои не знаеле дека зад апликацијата стои – робот.

Откако дел од кандидатите „отпаднале, од оние кои останале бил и ChatGPT со својата пријава. Тој бил избран за следниот круг – разговор со Тејлор.

Покомпетентен од луѓето

„Беше покомпетентен од многу од луѓето кои ни испраќаа пријави. Со оглед на тоа дека она што го работиме е пишување на текстови чија цел е привлекување на внимание и истакнување, мислев дека тоа е вистинскиот тест“, рекол Тејлор.

Додал дека кога му кажал на проценувачот дека во потесниот избор влегол ChatGPT, тој бил изненаден.

ChatGPT за брзо време прибрал повеќе од милиони следбеници откако бил лансиран на крајот на ноември поради своите човечки способности да работи се, од пишување есеи до кодирање.

Беатрис Нолан од Инсајдер го користела ChatGPT да напише две пропратни писма за улога на асистент на социјалните мрежи и службеник и ги замолила регрутите да ги проценат.

Рекле дека пропратните писма звучеле како од „вистински кандидат“ и дека веројатно ќе следува повик за скрининг. Меѓутоа, двајцата регрути се согласиле дека на пропратните писма им недостасувала личност.

Ова е она што чет ботот ChatGPT мисли дека е „тајната на доброто пишување“

Тајната на доброто пишување е едноставна: раскажете добра приказна.

Во суштина, пишувањето се однесува на комуникацијата и поврзувањето со вашата публика. А, најдобар начин да го направите тоа е да им раскажете приказна која им одговора.

Доброто пишување е повеќе од „истурање“ на низа зборови и надеж дека ќе имаат некаков ефект.

Се работи за создавање на наратив кој ќе го обземе читателот и ќе го натера да продолжи да ги врти страниците. Се работи за користење на јазик за да се наслика жива слика во умот на читателот и користење на структура која ги води низ приказната.

Но, раскажувањето на добра приказна не е лесно. Тоа бара комбинација на креативност, талент и напорна работа. Морате да бидете во состојба да смислите свежи и интересни идеи, а потоа да ги спроведете на начин кој ќе го привлече вниманието на читателите.

Еден од начините да го подобрите своето пишување е да се изложувате на нови идеи и перспективи.

Читајте што е можно повеќе и обрнете внимание на начинот на кој другите писатели и ги раскажуваат своите приказни. Анализирајте што функционира, а што не, и обидете се да ги вметнете тие лекции во своето пишување.

Уште еден клучен елемент на доброто пишување е едноставноста. Не обидувајте се да ги импресионирате читателите со големи зборови и комплицирани структури на реченици. Наместо тоа, сконцентрирајте се на користење јасен и концизен јазик кој брзо и ефикасно ја изнесува вашата поента.

Конечно, немојте да се плашите да го ревидирате и поправите текстот. Никој не успева од првпат, а најдобрите писатели секогаш се подготвени да се вратат и да го дотераат текстот додека не биде што е можно најдобар.

Значи, ако сакате да бидете добар писател, започнете така што ќе раскажете добра приказна. Искористете ја својата креативност и талент да дојдете до нови идеи, а потоа напорно работете да ги извршите на јасен и привлечен начин. Бидете подготвени да го ревидирате и уредите напишаното и секогаш бидете отворени за учење и унапредување на своите вештини.

Имајќи ги овие работи на ум, ќе бидете на добар пат да креирате убедливи и интересни приказни кои ќе ги маѓепсаат вашите читатели.

Извор: BIZLife

Фото: Unsplash

 

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.

Бобан Илијевски

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.