КОИ СЕ НАЈПЛАТЕНИТЕ СВЕТСКИ ЛИДЕРИ: Еве во која земја е најдобро да бидете премиер
Иако нивните плати се далеку од оние на извршните директори на големите компании, претседателите, премиерите и другите светски лидери можат да добијат високи плати во некои земји.
Сингапур е на врвот на листата на најплатени светски лидери
Премиерот на Сингапур, Лоренц Вонг, е најплатен лидер, заработувајќи над 1,6 милиони долари годишно. Неговиот годишен пакет за плата вклучува бонус за 13-ти месец и други бенефиции.
Втор на листата е главниот извршен директор на Хонг Конг, Џон Ли Качиу, со плата од 695.000 долари. Неговата позиција е создадена во 1997 година при предавањето на Хонг Конг од Обединетото Кралство на Народна Република Кина.
Третото место го зазема претседателката на Швајцарија, Виола Амхерд.
Американскиот претседател Џо Бајден е четврти на нашата листа, со плата од 400.000 долари годишно.
Извор:Редит