Кочовски: Зарем фотељите ви се толку мили па сте спремни да легализирате кршење на човекови права
Фејсбук статус на Бобан Кочовски, Претседател на Движењето за социјална правда “Обединети Работници”:
Со сета должна почит кон оние синдикални претставници кои што имаат координации со Владата, имам едно обично и пред се човечко прашање – дали сте вие нормални?!
Со кој памет ја виткате кичмата пред власта и како синдикални “лидери“ повикувате на легализирање на фашистички мерки каде што сте и тоа како свесни дека народ ќе остане на улица?!
Побогу, зарем фотељите ви се толку мили па сте спремни да легализирате кршење на човекови права и да дадете благослов на откази на работниците кои што треба да ги застапувате?!
Срам сте! Чукнете ги малце главите и размислете чии интереси треба да браните и од кого ја добивате својата легитимност! Без работниците сте никој и ништо, а токму работниците ќе го памтат ова предавство!
пс.Предлогот работодавачите да ги плаќаат ПЦР тестовите не ви држи вода, а вие многу добро го знаете тоа. При очи се правите слепи, а колатерална штета ќе бидат работниците кои што ќе останат на улица. Умилкувањето кај власта е привремено, гневот кај народот е вечен 😉
ппс. Пред да ме етикетирате како анти-ваксер, да посочам уште еднаш – не се работи за теории на заговор, дали има чипови или крокодили во вакцините, туку се работи за брутална злоупотреба на моќта од страна на власта и кршења на универзалните човекови права! Ако сега заќутиме, се плашам дека никогаш повеќе нема да можеме да ги уживаме истите права кои што сме ги имале до сега, а властите ќе имаат преседан врз кој што ќе ги темелат идните побрутални методи на владеење.

