КСС беше дел од Конференцијата за иднината на синдикалното движење во Европа, во организација на ЕТУК
Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија:
Во Белград на 20.05.2025 и 21.05.2025 се одржа Mid-term Конференција на Европската конфедерација на синдикати (ETUC) на која што учествуваа претставнци од КСС.
На Конференцијата имаше клучни дискусии за иднината на работниците и синдикалното движење во Европа!
Во рамки на Конференцијата беше одржан ЛИДЕРСКИ САМИТ на тема „Праведен договор за работниците во променет свет“, предводен од Генералниот секретар на ETUC, Естер Линч.
На Конференцијата беше одржанa и ПОЛИТИЧКАТА ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА на која учествуваа:
Јоланда Дијаз – Вицепремиерка и Министерка за труд и социјална економија на Шпанија
Џастин Медерс – Министер за права на вработените, конкуренција и пазари, Велика Британија
Корина Шуман – Сојузна министерка за труд и социјална политика на Австрија
Под слоганот „Рацете подалеку од нашите синдикати“, се одржа и силна дебата против уништувањето на синдикатите, нападите врз синдикални претставници и заканите кон правото на синдикално организирање.
Посебно значење на оваа Конференција има и претставувањето на:
Workers’ Watch Observatory – нова алатка за мониторинг на работничките права
Trade Union Peace Project – проект за улогата на синдикатите како двигатели на мирот
Исто така на Конференцијата беа усвоени:
Уставни измени на ETUC
Резолуција за успешна ЕУ-интеграција
Белградската декларација
Оваа конференција е важен чекор во зајакнување на синдикалната борба, обновување на социјалниот дијалог и создавање на посилно европско синдикално движење!

