Светот на работникот

НА ЖЕНИТЕ ИМ ДОШЛО ПРЕКУ ГЛАВА! Споделуваат совети за како да се носат со малтретирање на работно место

На популарниот Reddit форум AskCroatia се појавила искрена објава на една корисничка која ја отворила темата за секојдневното сексуално вознемирување на жените на работните места, особено на оние кои работат во продавници, кафулиња и агенции. Кратко по објавувањето, таа добила поддршка од многу жени кои ги споделиле сопствените искуства и начините на кои се носат со непријатни ситуации во кои мажите доаѓаат исклучително со цел да флертуваат, а не поради вистинска потреба за услуга.

Девојки кои работите со клиенти, како се носите со мажите кои очигледно дошле само да флертуваат, а не за услуга? Глумат дека се заинтерсирани за некој произовд, но чувствуваш дека би сакале веднаш да те силува*т – напишала авторката на објавата, изразувајќи длабока фрустрација и емоционална исцрпеност поради манипулативното однесување кое, како што тврди, не остава простор за директен отпор, бидејќи мажите формално се однесуваат „човечки“.

Бројни кориснички се вклучиле во дебатата, делејќи совети и сопствени методи за одбрана во вакви ситуации.

Cure koje radite s klijentima u ducanima, kaficima, agencijama, itd., kako se nosite s muskarcima koji su evidentno dosli samo flertati, a ne zbog usluge?
byu/jasammalipas inaskcroatia

„Кога и да ми дофрлат некоја глупост, реагирам на два начини: 1. Молчам. 2. Прашувам: ’Не разбирам. Можете ли да ми објасните?’ – напишала една корисничка.

Комуникацијата ја сведов на минимум

Друга жена споделила дека воопшто не го толерира таквото однесување.

Во такви ситуации истиот момент престанувам да бидам љубезна и услужна, а комуникацијта ја сведувам на минимум. Два пати едноставно се свртив и заминав кај шефот за да му кажам дека ќе се вратам во продажниот простор откако ќе го испрати типот надвор. Но тоа беа екстремни случаи на малтретирње. Немој да дозволиш да те малтретираат на работно место – напишала.

Трета корисничка советува емоционална дистанца како начин на самодобрана.

Немој да наседнуваш на нивните глупости. Биди рамнодушна и професионална, без никакви емоции – дури ни лутина и нервоза! Гласот задолжително пролагоди го да ти биде монотон, најмногу што можеш. Таквите во главно не ги гледаат жените како личности, туку како играчки со кои можат да си играат. Немој да им го дозволуваш тоа – навела таа.

Една жена споделила конкретен пример од лично искуство.

Мене еден ми доаѓаше на работа без никаква очигледна причина. Па вториот или третиот пат го прашав поради која причина дошол. Не знаеше да каже и промрмори нешто без врска. Му реков дека, кога ќе има некој проблем, нека се јави, а за се’ друго да му се обрати на некој друг – напишала.

Објавата и коментарите кои следеле покажале колку овој проблем е распространет, но и колку жени меѓусебно го делат чувството на нелагодност, лутина и немоќ. Многу истакнале дека, и покрај трудот да останат професионални, емоционалната цена од таквите ситуации останува висока.

Извор: Telegraf Biznis