Левица поднела кривична пријава за кршење на работничките права
Kако единствена партија која се залага за правата и интересите на работничката класа, овој период добиваме голем број пријави за ненајавени отпуштања, доцнење со плати и непочитување на препораките за заштита на работниците во време на светска пандемија, велат од Левица во соопштението за јавност.
Во соопштението Левица истакна дека додека се уште нема одговор од поранешниот вицепремиер Анѓушев за 120 избркани работници од неговата фирма „Каст Инвест”, добиле нови поплаки за загрозување на безбедноста на работниците во уште една странска компанија. Станува збор за фабриката „Џојсон Систем Сејфти“ (поранешно „Ки Сејфти Системс“) која е лоцирана во технолошко индустриската развојна зона во Кичево.
„Според нашиот извор, во оваа фабрика работниците (кои што се во број поголем од 1000!) се уште немаат добиено елементарни средства како сапун, маски, ракавици со кои што ќе се придонесе за заштита и превенција од корона вирусот. Дополнително, во компанијата не се почитуваат мерките за одалеченост, при што огромен број од работниците се се уште распоредени во огромни групи со кои што се зголемува опасноста од ширење на овој вирус“, велат од Левица во соопштението.
Од Левица посочуваат дека станува збор за уште еден странски капитал кој е олицетворение на бруталната експлоатација врз работниците со цел акумулирање екстра профит, при што корумпираните владејачки елити се обидуваат да ги протнат истите под превезот на “странски инвестиции и економски развој”.
За ова, според Левица, сведочи и случајот пред две години кога работници беа избркани токму од оваа компанија поради обиди за синдикално организирање.
Левица истакна дека конкретниот случај веќе е пријавен до Државниот Инспекторат за Труд и Државниот Пазарен Инспекторат и очекуваат соодветен и навремен одговор од надлежните институции.
Како што велат, иако правните механизми за заштита на работниците континуирано се минираат од капиталистичката владејачка класа, во периодот што следи Левица ќе ги искористи сите механизми кои им стојат на располагање против самоволието на капиталот и неговите владејачки елити.
- ЗАВРШИ НОВОГОДИШНАТА КОШНИЦА: Од денеска ќе се знае дали ќе се вратат на старо цените што еден месец беа намалени - 12/02/2025
- Грчките институции ги заштитуваат работниците на Санторини, ќе добијат отштета од 534 евра - 12/02/2025
- НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО ЕВРОПА ЈА НАПУШТА СВОЈАТА КОМПАНИЈА – ИМПЕРИЈАТА ЈА СОЗДАДЕ ДЕДО Ѝ: Нејзиното богатство се проценува на 89 милијарди долари - 12/02/2025