ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Лукаревска: Не постои поголема казна за еден работодавач од блокирање на фирма

   Време за читање 4 минути

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска во „10 Минути“ на ТВ21 порача дека со мерките и сетовите на Владата навистина се зачувале работните места.

„Со сите овие сетови и мерки да ги зачуваме работните места, и навистина се зачуваа работните места. Податокот е тој кој што го гледаме“, посочи Лукаревска.

Таа вели дека досега на компаниите им се исплатени 3 милијарди денари за плати за вработените.

„Три милијарди денари се исплатени на компаниите за тие подоцна да ги исплатат на вработените“, истакнува Лукаревска.

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска посочи дека и покрај апелите за да нема злоупотреба на финансиските средства од Владата, сепак секој месец има компании кои истото го прават.

„Постојано апелираме да нема злоупотреба, меѓутоа секој месец гледаме дека сепак има одредени компании кои сакаат да направат злоупотреба“, вели директорката.

Лукаревска додаде дека во моментов за месец октомври има уште 9 компании кои не исплатиле помош.

Лукаревска истакна дека направени се контроли во компаниите каде се злоупотребени мерките на Владата, а извештајот е пратен во обвинителство.

„Обврските кои што ги имавме кон таквите неплаќачи ги преземавме, а истовремено отворивме и налози на контроли. Дел од контролите се завршени и извештаите се пратени до Основното јавно обвинителство“, истакна Лукаревска.

Таа додаде дека во месец октомври, злоупотребите се направени од фамилијарни фирми со 1-2 вработени, додека пак за ноември има 23 работодавачи кои за 43 вработени немаат исплатено државна помош.

Лукаревска во однос на тоа дали ќе им се дозволи на компаниите ќе им се дозволи да ја исплатат владината помош или ќе одговараат за злоупотребата, истакна дека на компаниите не им се остава ваква можност бидејќи тие имаат законска обврска за исплата.

Лукаревска вели дека секој работодавец има свои права и обврски.

„И во самата уредба, а сега и во законот точно е наведено во кои услови, ако не се исполнети критериумите од ова земање на државната помош ќе се спроведуваат соодветни дејствија на присилна наплата исто така ќе треба да се прави соодветно враќање“, посочи Лукаревска.

На прашањето дали досега е казнета некоја компанија поради не исплата на државна помош кон работниците, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска вели дека не постои поголема казна за еден работодавач од тоа да му се блокира сметка.

„Имаме утврдено соодветни евиденции согласно контролите кои што сме ги правеле, меѓутоа поголема казна за еден работодавач од блокирање на фирма јас сметам дека не постои. Покрај тоа што правиме и континуирани инспекциски надзори од страна на Управата и од Инспекторатот за труд“, посочи Лукаревска во „10 Минути“ на ТВ21.

Лукаревска вели дека во моментов се во детална контрола и на компании за коишто имаат дојава за злоупотреба.

„Во посебна целна група на компании сме влезени во детална контрола, 5 години наназад се враќаме во кои што имаме дојава за злоупотреба на исплатата на минималната плата, покрај тоа што е земена и соодветна државна помош затоа што имаше работодавачи кои што исплатија, а после ги тераа присилно нивните вработени да им се вратат парите назад“, истакна Лукаревска.

Лукаревска посочи дека во моментов се во детална контола на компании за коишто имаат дојава дека ја злоупотребиле и исплатата на минимална плата.

„Пет години наназад е период за контролирање, ние контролираме по основ на данок на личен доход, ДДВ, добивка… Целокупното работење на таа целна група, на тие претпријатија сакаме да го утврдиме“, истакна Лукаревска.

Таа вели дека работодавачите ги исплатиле платите, а потоа присилно ги терале нивните вработени да им ги вратат парите.

„Или пак е направена измена на декларација каде што е пуштено многу помалку од тоа што е утрдено како износ на минимална плата. Има некаде ситуации каде е направена некаква спогодба меѓу работодавачот и работниците преку некаков синдикат, но таа одлука, таа спогодба не е над законот“, посочува Лукаревска.