Македонија рангирана заедно со Боцвана и Конго во прекршувањето на работничките права
Подготвил: Бобан Илијевски
Во Индексот за глобалните права на Меѓународната Конфедерација на синдикати – ИТУК насловен како „Најлошите држави за работниците“ за 2020 година, Македонија повторно е сместена во група со африканските држави.

ИТУК Македонија ја оценил со 4, ставајќи ја во листата на „Системско прекршување на работничките права“. На истата листа се Ангола, Боцвана, Чад, Камерун, Замбиа. Во истата листа се ставени и Соединетите Американски Држави.

Од балканските земји само Србија ја има истата оценка како Македонија, односно ИТУК заклучува дека и таму системски се прекршуваат работничките права.
Како пример за прекршувањето на работничките права и задушувањето на синдикалното делување во Македонија, во индексот се нагласува дека Агенцијата за катастар на недвижности во , се вклучила во преговори со синдикатите, но одбила да ги вклучи претставниците на Конфдерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Што е системско прекршување на работничките права?
Работниците во државите кои се оценети со 4 пријавиле системско прекршување на работничките права. Владата и компаниите сериозно вложуваат напор да го уништат колективниот глас на работниците, ставајќи ги фундаменталните права под закана, стои во индексот на ИТУК.


