„Македонија со НАЈВИСОКА ИНФЛАЦИЈА ВО РЕГИОНОТ, граѓаните кај нас најмногу осиромашуваат“

Во ноември во Македонија измерена е стапка на инфлација од 19,5%, што е највисока стапка на инфлација во регионот и една од највисоките во цела Европа. Ова покажувa дека трошоците за живот во Македонија најмногу растат, а стандардот на граѓаните најбрзо се смалува. Со други зборови народот во Македонија тоне во сиромаштија. Ова е уште еден во низата поразителни економски факти за Македонија во време на власта на СДС и Ковачевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Истакнуваат дека Македонија за година и пол има над 12 илјади затворени компании.

– Економската активност е сериозно забавена и според проценките на Светска Банка, Македонија ќе има најмал раст на БДП во 2022 година во цела Европа, а од нас полоши ќе бидат само Русија и Украина кои се во војна. Дополниелно Македонија се соочува со огромна стапка на сива економија од 33% што е далеку полоша и од Косово и од Албанија. Македонија се наоѓа на дното по привлекување на странски инвестиции, па така Косово, Албанија и Србија имаат двојно, па и тројно повеќе СДИ по глава на жител од нас, нагласуваат тие.

Во соопштението се истакнува дека секаде во секој сегмент Македонија има најлоши економски резултати со оваа власт на СДС и Ковачевски.

– Тоа мора да се промени. Прво што треба да се случи е час поскоро да си замине оваа власт, потенцираат тие.

Фото: Pixbay