Мизрахи бара начин да и помогне на хигиеничарката од Лозово, жртва на мобинг и закани од градоначалникот
Министерката Мизрахи се вклучи во случаите со мобинг врз работниците од страна на градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, кои ги обзнани Сител.
Таа се сретна со Снежана Цветковска и Виолета Спасова и заедно со правниот тим ја разгледуваа документацијата. Вели дека ќе направи се што е во можност на Министерството за труд и социјала.
-Запрепастена сум и немам зборови. Ќе направам се што е во моја моќ да им се помогне на овие луѓе, да им излеземе во пресрет. Она што е во надлежност на МТСП ќе им се помогне, но ќе ги насочиме исто така и кон други Министерства каде што сметаме дека ќе им се отворат вратите за помош. Јас лично ќе се консултирам со други министерства за да видиме како да го решиме проблемот, вели Мизрахи.
Снежана и Виолета водат одделни судски спорови против Велковски и општината и чекаат судовите да пресудат.
Хигиеничарката Снежана, чека одлука од штипска Апелација која првично пресуди во корист на Велковски, иако, како што вели Цветковска, сите аргументи биле на нејзина страна. Таа се уште е во работен однос, но е на боледување. Очекува кога ќе се врати на работа да и биде врачен отказ.
Сител се обиде да стапи во контакт со градоначалникот Велковски, но откако се претставивме на телефон и го поставивме прашањето дрско ја спушти слушалката. Потоа не сакаше да комуницира ниту преку СМС пораки. Уште од објавувањето на двата случаи градоначалникот ги избегнува новинарите на Сител и не сака да одговори на прашањата, туку испраќа реакции на десетици страници.
Виолета Спасова до среда треба да се врати на работа во општината откако штипска Апелација пресуди Велковски веднаш да ја врати на работно место според степенот на образование. Судот констатираше дека дисциплинските постапки кои беа водени против Виолета биле неосновани.
За потсетување, и против Снежана и против Виолета се воделе дисциплински постапки. Снежана, прво затоа што ги миела чашите и шољите во општинската кујна, а потоа зашто не ги миела.
Виолета, пак, пред да добие отказ била деградирана за две нивоа по две дициплински постапки. И двете се жалат дека на останатите колеги им било забрането да комуницираат со нив.
Извор: Сител
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024