Uncategorised

Мислела дека е разговор за работа. Ѝ украле 14,000 евра

Сплитската полиција информирала за креативен начин на измама. За една млада девојка од овој град наводниот разговор за работа не завршил добро.

Имено, 25 годишната пријавила компјутерска измама кога од неа во текот на наводниот разговор за работа непознато лице побарало да преземе одредена апликација. Со преземањето на истата, таа сфатила дека му овозможила контрола над својот компјутер и пристап до дигиталниот паричник од кој потоа ѝ биле одземени средства кои непознатото лице ги продало за износ од речиси 14,000 евра, за кој износ споменатата е оштетена.

Следува понатамошно криминалистичко истражување.

Извор: Poslovni.hr

Фото: Pixabay