Правда

МТСП ќе доделува национална награда за најдобра пракса за безбедност и здравје при работа

   Време за читање помалку од минута

Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Република Северна Македонија, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, и оваа година организира Избор за доделување на Национална награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа.

Изборот ќе биде направен од страна на независна комисија составена од експерти во областа (стручни лица за безбедност при работа и лекари-специјалисти по медицина на трудот).

Свеченото доделување на годишните награди ќе се одржи во рамки на одбележувањето на „Светскиот ден за безбедност и здравје при работа 28 април“.

Краен рок за пријавување на компаниите е 15 март 2020 година.