МакедонијаСиндикат

На петгодишната од своето постоење СПМ одржа Собрание

   Време за читање 2 минути

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:

Среќен 5 (петти) роденден СПМ 🎂🇲🇰

На ден 13.05.2025 година во х.”Аквалина” , Охрид се одржа Собрание на СПМ поклопувајќи се со јубијејот – 5 (пет) години од постоењето на СПМ.

Свечениот настан и чин со свое обраќање кон присутните го збогатија Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија г-дин Благоја Ралповски, Претседателот на СОНК г-дин Јаким Неделков и Претседателот на ССКЦ г-дин Предраг Серафимоски.

Од страна на Претседателот на СПМ Орце Коцевски беше презентиран отчетот за изминатите пет години, сработеното на СПМ на повеќе свери и добиените резултати, посебно за нагласување е барањето на СПМ основната плата за работниците во МВР да биде минимум минималната плата во Република Македонија, барање што од страна на МВР е прифатено и имплементирано во новиот закон за внатрешни работи кој ќе отпочне да се применува од наредната година.

Беа доделени благодарници на синдикалните претставници на СПМ за нивниот голем придонес во целите и развојот на СПМ за изминатите пет години.

Признание за особен придонес во развојот и напредокот на СПМ за изминатите години и плакета добија синдикалните претставници Љупчо Маркоски, Миќи Михајлоски, Лефкотеја Чафкароска Јанкуловска, Кире Ѓоргиевски, Маја Мазневска и Генералниот секретар на СПМ Николче Кирковски.

На покана до братските синдикати, Синдикат на Српската Полиција од Република Србија, претставувани од Генералниот Секретар на Синдикатот Дарко Оцоколиќ и делегација на Независниот синдикат на полицијата на Црна Гора предводена од Претседателот Игор Рмандиќ, учествуваа и имаа свое обраќање на обележувањето на јубилејот по повод 5-от роденден на СПМ.

Во текот на посетата со делегациите одржавме неколку состаноци при што разменивме многу искуства за што ќе допринесат за јакнење на синдикализмот во СПМ. Беа пренесени неколку методи и начини на работење во разните свери на синдикалното делување, начините на правната заштита на членството, дисциплинските постапки и др.

На Генералниот секретар на Синдикат српске полиције ССП – Sindikat srpske policije SSP Дарко Оцоколиќ и Претседателот на Nezavisni sindikat policije Crne Gore – NSPCG Игор Рмандиќ од страна на Претседателот на СПМ Орце Коцевски им беше доделена БЛАГОДАРНИЦА за нивното несебично залагање и придонес во развојот и програмата на СПМ.

Со исто несмалено темпо продолжуваме и во 2025 година✊️🇲🇰🇲🇰🇲🇰

НОВАТА ЕРА НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ🫡