ПравдаСветот на работникот

Новинарка бара оштета од еден милион долари, тврди дека била 85 % помалку платена од своите колеги

Новинарка бара оштета - Работник
189views

Познатата британска медиумска куќа Би – Би – Си се нашла сред скандал откако новинарката Самира Ахмед ги обвинила за дискриминација.

Новинарката тврди дека прима 85 посто помала плата од своите машки колеги кои ја работат истата работа, пишува „Гардијан“.

Нејзиното обвинение за родова дискриминација, како што пренесува Новац, завршило на суд во Велика Британија пред два месеци, а најмалку стотици новинарки од истата медиумска куќа тргнале по нејзините стапки и планираат со платежната политика да се пресметаат со компанијата на суд.

Британските медиуми тоа го претставиле како потенцијално најважен правен слујач на родна дискриминација до сега. Според најновите информации, националната медиумска куќа Би – Би – Си, од страв дека ќе протечат уште морничави детали за нивното интерно корпоративно однесување, новинарките сега ги наговараат на спогодба.

„Потрошија огромни количини на пари за да ги убедат жените дека немаат никакви основи за тужби, но сега им приоѓаат на истите тие жени и им нудат пари за да се сокрие целата таа ситуација“, раскажала една од работничките на компанијата за „Гардијан“.

Новинарката Ахмед од Би – Би – Си бара речиси еден милион долари тврдејќи дека и се должни, бидејќи за својата емисија Њузвач била платена 580 долари по епизода, а нејзиниот колега Џереми Вајн истовремено бил плаќан 4,000 долари по епизода за својата емисија „Поинт оф вју“. Двете емисии се од краток формат и имаат отприлика исто времетраење.

Во своја одбрана, Би – Би – Си тврди дека емисијата „Њузвач“ привлекува помалку гледачи и дека е поинаква од „Поинт оф вју“ која е забавна програма. Тие наведуваат дека и Вајн е поинаков тип на водител, односно дека тој е „опуштен тип“ кој во емисијата често се маскира.

Според „Гардијан“, посебно се сомнителни деталите кои се однесуваат на преговорите на Вајн за плата која, со помош на својот агент, достигнала милион долари годишно.

Истовремено, Ахмед тврди дека на неа извршните директори на преговорите околу платите рекле дека кај нив „не важи правилото за еднаква плата“. Компанијата потоа ова го дементрирала.

Портпаролот на Би – Би – Си, рекол дека корпорацијата во последните години направила значајни промени во плаќањето на работниците, а тоа резултирало со голем број на проблеми за платите.

Тие проблеми, велат „во главно се решавале внатре во куќата“, иако „мал дел завршиле на суд“.

„Нашиот пристап не се промени. Продоложуваме да соработуваме со нашите вработени и ги решаваме споровите таму каде што тоа е можно и соодветно. Меѓутоа, цврсто ќе ја браниме нашата положба пред судот доколку е тоа потребно“, рекле од компанијата.