Новогодишна желба на СПМ – “Како Полицаец да имам иста плата како шумски полицаец”

Во новата 2023 година во име на нашите преставници и нашите членови посакуваме:

Да почнат конечно да се почитуваат професионалците,

Да се набават панцири, шлемови, плочи, гас маски а не да се пролонгираат одредбите од Законот за заштита и здравје при работа после 2025 година.

Посакуваме да се престане со фаворизирање на еден синдикат кој само себеси се нарекува „единствен“ репрезентативен и да престане приватизацијата која тој синдикат со АМИН од друг го приватизираа МВР,

МВР да престане да „глуми министерство за ПР“ и МВР да почне да си ја работи својата работа и да се врати во сегашноста и да почне да ги решава проблемите,

Да се престане со незаконските решенија надвор од местата на живеење и со писмените наредби. Сите кои незаконски се распоредени, да им се поништат решенијата и да се вратат во своите места,

Посакуваме Министерот да преземе конкретни мерки со злоупотребите со прекувремените часови во секоја организациска единица.

Сепак НАЈГОЛЕМАТА И НАЈПОСАКУВАНА НАША ЖЕЛБА е платата на полицискиот службеник – полицаец да биде барем еднаква како платата на ШУМСКИОТ ПОЛИЦАЕЦ. Ова го бараме од причини што од месец Јануари 2023 година платата на шумски полицаец СОГЛАСНО ЗАКОН ќе биде повисока во просек 3.000 – 4.500 денари од платата на полицаец. Еве посакуваме барем да го стасаме просекот со шумскиот полицаец и да имаме плата како неговата.

А вие кои ја решавате судбината со платите во МВР – ЗАСРАМЕТЕ СЕ!

Почитувани членови, почитувани вработени во Министерството, посакуваме здравје и мир на сите колеги и господ да ве чува на терен.

Нека ни е среќна и бериќетна новата 2023 година . Да бидеме сите живи и здрави.

линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02EaFzk1dJqAr7wWR1gK9Kf6m3Mk28JNeyEBns53brE2F9F9yAbCcoDuUVR9NvypMCl&id=100046824475551&mibextid=Nif5oz