МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Пензионерскиот синдикат изрази безрезервна поддршка на Синдикатот на полиција во Македонија

78views

Пензионерскиот синдикат на Македонија изрази безрезервна поддршка на Синдикат на полиција во Македонија преку писмо за поддршка. Писмото го пренесуваме во целост.

,,Почитуван Претседателе и почитувани членови на Синдикатот на полиција во Македонија,

Следејќи ја состојбата на вработените во полицијата и се повеќе влошените услови за работа на полициските службеници, како и Вас и Вашите активности кои секојдневно ги превземате се со цел враќање на професионализмот, департизираност и деполитизираност, сакаме лично да Ви ја искажеме нашата безрезервна подршка во реализацијата на вашите барања и остварување на истите.

Се надеваме дека надлежните ќе ги исполнат дадените ветувања, а со тоа ќе остварат и наметнат еден нов принцип кој ќе значи враќање на довербата на граѓаните кон Полицијата, а воедно и враќање на професионализмот на полицискиот службеник.

Како поддршка гордо ќе Ве следиме на утрешниот протест и заедно ќе го прикажеме незадоволстовото што владее во Полицијата”, се вели во поддршката на Пензионерскиот синдикат.