МакедонијаПравдаСиндикат

Појаснување на СПМ околу прашањето за БОНУС ПЛАТА

   Време за читање 1 минута

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:

По барање на нашите членови во однос на појава на некои нејаснотии околу прашањето за БОНУС ПЛАТАТА, го даваме следното појаснување:

Прашањето за начинот на евидентирање на прекувремените часови, изработување на повеќе од 32 часа во текот на тековниот месец, начинот за користење на слободни денови по однос на вишок прекувремени часови и слично е пропишано во ” Упатството за начинот на евидентирање на реализирани часови ….” од месец Февруари 2023 година.

Во истото е пропишано дека “Наместо зголемување на платата, по ПИСМЕНА СОГЛАСНОСТ на работникот, реализираните часови прекувремена работа од тековниот месец, може да се заменат со слободни денови.

Согласноста ја дава исклучиво работникот и истата ја доставува до раководниот работник, ПОПОЛНУВАЈЌИ го образецот подоле пропишан во самото Упатство.” ‼️

●●●●●●●●○●●●●●●●○●●●●●●●

Доколку постоело постапување на раководител/и спротивно на наведеното и истиот/те на работниците/ наши членови давале слободни денови БЕЗ ПИСМЕНА СОГЛАСНОСТ обратете се до Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ заради преземање на соодветни мерки согласно Закон и Колективен договор ❗️

#враќањенапрофесионализмотвополицијата

#новатаеранапрофесионализмот

#силанановотовреме