МакедонијаНовостиСиндикат

 Предизвиците на индустријата 4.0 во металниот сектор во Р.С. Македонија и како до нивно надминување?

   Време за читање 2 минути

Самостојниот синдикат на работниците од индустрија, рударство и енергетика – ССЕРИ активно ги следи состојбите во металниот сектор, како од областа на работните процеси, така и дигитализацијата и безбедноста и здравјето при работа.

Предизвиците со кои се соочуваше металниот сектор, како резултат на светските случувања воопшто не беа за потценување, земено во обзир дека во македонски рамки, металната индустрија е една од најважните индустриски гранки која вработува и голем број на луѓе и која претставува значителен дел од бруто домашниот производ.

Како резултат на пандемијата со Ковид голем дел од претпријатијата мораа да затворат некои од погоните за производство, дел од нив ја редуцираа работата и го реорганизираа процесот на работата во смени. Безбедноста и здравјето при работа исто така беше сериозен предизвик за металниот сектор кој во времето на пандемијата поради неможноста да се стопира или пак извршува производниот процес на далечина, работниците постојано беа изложени на ризик.

Решението во надминувањето на предизвиците во металскиот сектор се должи на дигитализацијата и автоматизацијата на работните процеси. Индустријата 4.0 има за цел да овозможи олеснување на процесот на работа, побезбедни работни места, зголемена продуктивност и оптимизација на целиот производствен процес.

Работниците во металниот сектор не се доволно информирани и консултирани при донесувањето на одлуки во однос на процесите на дигитализацијата.  Поголемото вклучување на синдикалните претставници во целиот процес на одлучување преку консултирање и информирање на вработените, ќе го подигне социјалниот дијалог на едно поголемо ниво.

 Со цел обезбедување на непречена транзиција и надминување на предизвиците потребно е покрај соодветна имплементација на законските прописи и европските директиви. Нужно е работнците да бидат точно и навремено информирани, но и консултирани за прашања од делокругот на работењето, особено за прашањата поврзани со дигитализацијата и автоматизацијата, со цел зајакнување на соработката помеѓу претставниците на работниците и менаџментот.

За крај исклучително важно е работодавачите да дадат соодветна поддршка во однос на синдикално организирање на работниците, со цел да се воспостави соработка помеѓу вработените, организирани во различни синдикални организации кај ист работодавач, како и организации кои работат во истиот сектор, да се зголеми чувството за интегрираност на вработените, како и да се зголеми довербата во синдикалната организација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *