Пред 15 години дал отказ па ги тужел! Чебапчилница на поранешен вработен мора да му исплати 133,000 евра: Еве што е причината
За прекувремена работа и неискористен годишен одмор, човек од кантонот Вауд во Швајцарија, 15 години откако дал отказ, добива 125,000 франци (околу 133,000 евра). Сојузниот суд пресудил во корист на поранешен вработен во една чебачилница, пишуваат швајцарските медиуми. Освен отшетата, работодавачот мора да му ги плати и судските трошоци од 5,000 франци (околу 5,300 евра).
Три и пол години работел како помошен работник во чебапчилница
Според извештајот на судот, мажот работел на половина работно време како помошен работник во кујна три и пол години пред да даде отказ во 2009 година. Неколку години подоцна покренал судска постапка за да ги добие парите за неплатената работа. Според швајцарските медиуми. Сојузниот суд ја потврдил одлуката на понискиот суд, кој исказите на сведоците во корист на мажот ги сметал за веродостојни.
Без исплата од работодавачот – што сега?
Ако работодавачот не ја исплати платата, вработените и хонорарците мораат брзо да реагираат. Вработените треба писмено да го предупредат работодавачот и да му одредат рок. Ако не ги исплати парите, може да му се поднесе платен налог или барање за плата до Работниот суд. Ако исплатите не се подмирени најмалку два месеци, работата може да се одбие се‘ додека тоа е соопштено писмено.
Фриленсерите, исто така, треба писмено да го предупредат клиентот. Ако тоа нема учинок, единствена опција е да се оди на граѓански суд за платен налог или тужба за плата. Мораат да се почитуваат периодот на исклучување и тригодишниот рок на застарување. Слична е постапката и кај договорите за работа на определено работно време, при што морате да ја предупредите другата страна и по потреба да преземете правни постапки.
Извор: Blic.rs/Fenix Magazin
Фото: Wikipedia
- Неделков: Некои работи не се забораваат така брзо и лесно! - 17/04/2025
- ЛЕГЕНДАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА ОДИ ВО БАНКРОТ: Ги затвараат сите филијали по 92 години работа - 17/04/2025
- КРИМИНАЛНА ШЕМА ВО ХРВАТСКА: Над 100 странци вработени со фалсификувани документи, меѓу нив и Македонци - 17/04/2025