- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Работникот има право на платен одмор за лични и семејни околности од 7 дена во годината

Работникот има право - Работник
1.19Kviews
Дали знаевте дека…?
Согласно општиот колективен договор за стопанството работникот има право на платен одмор за лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на една година и тоа во случај на:
• склучување на брак – 3 дена
• склучување брак на дете – 2 дена
• раѓање или посвојвуање дете – 2 дена
• смрт на сопружник или дете – 5 дена
• смрт на родител, брат, сестра – 2 дена
• смрт на родител на сопружник – 2 дена
• смрт на дедо или баба – 1 ден
• полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до – 3 дена
• елементарни непогоди до – 3 дена
Додека пак работникот може да отсуствува од работа без надомест на плата и придонеси од плата, најдолго 3 месеци, во следните случаи:
• за нега на член на семејство;
• за изградба или поправка на куќа, односно стан;
• за учество на културни и спортски приредби;
• за учество на конгреси, конференции и сл.;
• за лечење за своја сметка;
• во други случаи утврдени во колективен договор на ниво на гранка односно оддел, односно на ниво на работодавач
Тимот на Јуридика