РАКОВОДСТВОТО НА МНАВ ГИ ПРИФАТИ СИТЕ БАРАЊА НА КОНТРОЛОРИТЕ НА ЛЕТАЊЕ ПРЕД ШТРАЈКОТ НАЈАВЕН ЗА 12 ОКТОМВРИ
Време за читање помалку од минута
Тројцата директори на Македонска навигација (МНАВ) ги прифатиле сите барања на контролорите на летање кои најавија штрајк за 12 октомври, вклучително и најважното – огласите за вработување да не траат само три дена за да се вработуваат партиски и роднински кадри. Договорено е огласите за вработување да траат најмалку 10 работни дена и секако, да бидат под надзор на контролорите на летање.
Според претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски, раководството се обврзало ветувањата да ги стави во документ и отсега во МНАВ ќе се работи по овој интерен документ.
Повеќе на СДК.мк
Latest posts by Портал Работник (see all)