ЕкономијаМакедонијаНовости

СЕ НАМАЛУВА ЛИ БИЗНИС ИНИЦИЈАТИВАТА? ЛАНИ ОТВОРЕНИ 8.517 ФИРМИ, 148 ПОМАЛКУ ОД ПРЕКЛАНИ

   Време за читање 1 минута

Прво беше Ковид-пандемијата. Се надоврза војната во Украина, па и нападот на Израел врз Појасот Газа, Хутите ги напаѓаат бродовите во Црвеното море, кинеската економија бележи послаб раст, Германија е зафатена од рецесија… Бројни се и домашните проблеми. Економијата никако да се придвижи со растот, кој е на самото дно во регионот и не може да се помести над прагот од два проценти.

Условите – непредвидливи и ризични, како полека да ја задушуваат иницијативата за започнување бизнис. Минатата година се отвориле 148 фирми помалку споредено со 2022. Податоците од БизнисМрежа.мк покажуваат дека во текот на минатата година имало 8.517 новоформирани фирми. Преклани се работело за бројка од 8.665, а во 2021 – 8.662. По стагнацијата уследил пад. Тој тренд зафатил и два од петте градови во кои има најголема раздвиженост во доменот отворње фирми. Симптоматично е што се работи за големи градови – Битола и Куманово.

Повеќе на Пари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *