Синдикатот продолжува да добива пресуди во негова корист – Кој ќе ја плати оштетата?

Од Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Македонија – ССЕРИ, велат дека подлог период наназад укажуваат дека раководствато на ФОД ДООЕЛ Новаци работи незаконски и дискриминаторски, фаворизирајќи синдикат пандан на раководството на штета на синдикатот на СП ФОД ДООЕЛ Новаци кој е при ССЕРИ. 

Како доказ за ова, од ССЕРИ приложува правосилна пресуда во корист на СП ФОД ДООЕЛ – Новаци. 

 

„Залудни се сите притисоци од страна на раководството насочени кон синдикалниот претставник Соња Андријаниќ од обликот на преместување на работно место, преместување со решение, континуирани дополнителни задолженија, и што уште не, кои се со една единствена цел, а тоа е да се откаже синдикалниот претставник од правата и обврските за заштита на работничките права“, велат од ССЕРИ. 

Според нив, овие „МЕТОДИ“ само му даваат сила и мотивација на синдикалниот претставник за истрајност во остварување на правата на работниците и докажување дека работодавачите не се над работниците и синдикалните претставници, дека работодавачите не се наоѓаат во ФЕУДАЛНО ОПШЕСТВО и дека треба да престанат да се однесуваат како такви.  

За на крај неминовно е да се напомене дека направената материјална штета која компанијата треба да ја исплати кон синдикатот е направена од страна на раководството на ФОД ДООЕЛ Новаци и дека за истото треба да си сносат одговорност и да се соочат со последиците, порачаа од синдикатот.