ПравдаСветот на работникот

Државниот инспекторат за труд донел 11 решенија и 39 укажувања за непостапување на работодавчите по мерките на Владата

Претседателката Филиповска-Грашкоска истакна дека Државниот инспекторат за труд, во горенаведениот период го зголеми обемот на активностите, при што реализираше вкупно 819 контроли кај работодавачи, по планиран распоред или по доставена пријава од граѓани. За периодот од 4 до 11 мај од страна на овој инспекторат донесени се 11 решенија и 39 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата.

„Постапувајќи по препораката за платено отсуство на родител на дете до 10 години, самохран родител, бремени жени и хронички болни, трудовиот инспекторат констатира дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораки за заштита на вработените од КОВИД-19, при што кај одреден број на работодавачи е евидентирано дека има работници кои работат и од дома“, нагласи Филиповска-Грашкоска.