СПМ испрати писмо до МВР за проблемите со кои се сочуваат некои од вработените
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:
Писмо испратено до Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme со барање за решавање на проблем со кои се соочуваат сите вработените во ПС , ПО и БПС
До Синдикат на Полиција во Македонија се обратија наши членови со Барање за решавање на проблемот со кој се соочуваат веќе неколку години. По извршените наши проверки утврдено е дека со наведениот проблем се соочуваат и сите полициски станици во рамките на СВР и РЦ за ГР.
Имено СПМ до сознанијата до кои дојде е тоа дека сите припадници на ПЕП користат панцири и заштитни плочи со застарен рок (поминат гарантниот рок). Последните докази што ги поседуваме се со поминат рок од 2013 година. Состојбата не е ништо подобра ни во сите полициски станици во рамките на СВР и РЦ за ГР.
Оваа прилика СПM ќе ја искористи да потсети дека Полицијата била и ќе остане темел на безбедноста почнувајќи од поединецот, семејството а се разбира и безбедноста на државата. Во таа смисла го изразуваме нашето цврсто убедување дека, најсигурна инвестиција за безбедност е враќањето на професионализмот на полицискиот службеник, правејќи максимални напори за подигнување на статусот на Полицискиот службеник по сите основи, а од синдикален аспект посебно на статусот на вработените на оваа исклучително важна област за секое општество.
За запознавање, во Министерството сеуште се употребуваат панцири и заштитни плочи од 1991 година па дури и пред тоа, шлемови од 1991 и за жал заштитни маски кои последната контрола ја имале и се постари од стажот на сите вработени во МВР (иако гарантниот рок на сите им трае пет години).
Бараме преземање на мерки и набавка во најбрз можен рок.
враќањенапрофесионализмотвополицијата
новатаеранапрофесионализмот
силанановотовреме

- Дизелот повторно поскапува - 20/06/2025
- Жена се породила во подгорички маркет: Херојството на работничката Оливера - 20/06/2025
- ТОП СЕЗОНСКИ РАБОТИ: Дневници до 80 евра - 20/06/2025