НовостиСветот на работникот

Стокомак се пофали дека пред Божиќ ќе им даде бонус од 5,000 денари на речиси 800 вработени

   Време за читање помалку од минута

Ланецот на маркети „Стокомак“, вчера на фесјбук страната објавил дека на речиси 800 вработени ќе им плати 5,000 денари како специјална награда за 2023 година. Бонусот ќе го исплати пред верскиот празник Божиќ за Православните и пред верскиот празник Рамазан Бајрам за Муслиманите.

Се пофалија и дека во 2023 година ги зголемиле и платите.

Во Јули месец минатата година, СТОКОМАК ја промени почетната плата на своите вработени на 28.500денари, а дополнително во 2023 исплати и регрес од 39.000 денари, наместо минималниот од 15.081,00 денари. Севкупно во 2023 непрестано вложувавме во нашиот најголем капитал – вработените, па така заедно со вкупните бонуси кои се исплатени за остварување на резултатите, СТОКОМАК вложи вкупно над 44 милиони денари, наведоа од компанијата.