НовостиСветот на работникот

Условите за работа за стјуардесите од 1954 година предизвикале лавина од коментари: „Ова ми е толку одвратно“

   Време за читање 2 минути

Листата на барања за работа на стјуардесите од 1954 година која беше споделена на социјалните мрежи предизвика шок и изненадување. Условите за добивање на работа често ги одразуваат потребите на работодавачот, но понекогаш можат да бидат изненадувачки строги, необични или дури неправедни. Денес поголемиот дел од критериумите се насочени на вештините и квалификациите, но многу од објавените услови се чинат застарени, па и дури неприфатливи.

Листата на услови од 1954 година која ја добивале кандидатиките кои се надевале дека ќе добијат работа како член на кабинскиот персонал е вирална, а секое барање било пошокантно од претходното, пишува Unilad. Листата е споделена на социјалните мрежи откако била објавена на Редит. Ја напишале Чикаго и Саутерн Ерлајнс кои повеќе не постојат по спојувањето со воздухопловната компанија Делта Ерлајнс.

Самиот наслов на документот „квалификации за стјуардеси“ е показател на минато време.

Првото барање за стјуардесата било да нема момче, како и не смеела да биде верена. Следат: кандидатката мора да има помеѓу 22 и 28 години, висината мора да биде помеѓу 158 и 165 сантиметри, а тежината од 45 до 54 килограми.

Исто така, идната стјуардеса морала да има добар вид и не смеела да носи очила за гледање. Требало да има и здрави заби и добра фигура.

Освен тоа, потребно било да има тенки нозе, нефарбана коса и минимално четири години факултет или две години факултет и две години работно искуство.

Стјуардесата морала да знае да води динамичен разговор, требало да има унифицирано однесување, бидејќи не смеела да биде испровоцирана од барањата на патниците.

Таа морала да биде спремна да им удоволи на патниците, но да биде спремна и за преместување.

На крајот стои дека кандидатата морала да биде државјанка на САД, како и дека морало да биде во извонредна здравствена состојба, да има чиста кожа и убави раце.

Оваа листа на барања од пред повеќе од 70 години шокирала многумина и испровоцирала стотици коментари под објавата.

„Ми се допаѓа тоа што буквално се е површно. Се’ се врти околу изгледот“, е еден од коментарите.

„Боже, ова е толку одвратно“, напишал еден корисник на Редит.

„Ова звучи како неколку типови да седнале околу машина за пишување, а еден од нив повремено вели: ‘О, и не заборавај __________’“, се пошегувал друг.

Requirements for being a flight attendant in 1954
byu/ineedtofiguremyshit ininterestingasfuck

Извор: Telegraf Biznis/Večernji list

Фото: Shutterstock