- Advertisement -
НовостиПравда

Филипче: Угостителските објекти се сериозен ризик – новите мерки утре на владина седница

На 21-ви јануари угостителските објекти - Работник
708views

Утре на редовна владина седница, ќе се разгледуваат предложените рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот кои денеска ги донесе Комисијата за заразни болести.

Со мерките се забранува работа на угостителските објекти по 18 часот. Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Сител телевизија вели дека токму угостителските објекти претставуваат ризик во ширењето на коронавирусот.

„Уплашени сме дека досегашните мерки нема да бидат доволни, со оглед на тоа што следуваат празници“, рече Филипче за Сител телевизија. 

Мерките кои се предложени од комисијата, ќе се разгледуваат утре на Владина седница, а министерот оценува дека состојбата се уште е критична.

Според направените анализи, таму каде што не се почитувале мерките, се формирале мини кластери, па токму поради тоа се и новите мерки.

Министерството за здравство, подготувало и кампања против лажните вести, а министерот Филипче најави дека ќе бараат и одговорност за тие кои шират лажни вести.

Во однос на вакцините, Филипче рече дека еден дел од вакцините кои во јануари ќе пристигнат во Атина ќе бидат за нашата земја.

Извор: ТВ21