Светот на работникот

ЧЕТИРИ земји со најдобар баланс помеѓу работата и приватниот живот

Хибридната работа и постојаната дигитална поврзаност ги бришат границите помеѓу кариерата и приватноста, па затоа балансот (work-life balance) стана „светиот грал“ на модерниот вработен. За луѓето кои работат во странство, овој предизвик е уште поголем – статистиката покажува дека егзпатите во просек работат дури 13,5 часа неделно повеќе отколку што би работеле во својата татковина.

Додека глобалниот пазар се бори со стапката на согорување (burnout) која достигнува и до 50% во земји како Австралија, одредени држави успеаја да креираат систем кој го штити слободното време на своите работници.

Данска: Шампион на ефикасноста

Данците се втори најпродуктивни работници во Европа, а тајната лежи во нивната филозофија: работи напорно, но само во рамките на работното време.

  • Работна недела: Просечно 37 часа.
  • Одмор: 5 недели платен годишен одмор.
  • Семејство: Исклучително дарежлив систем за родителско отсуство кој им овозможува на партнерите да поделат 32 недели платено боледување.

Холандија: Култура на фиксни часови

Холандскиот модел се заснова на почитување на договореното време. Дури 80% од егзпатите во оваа земја се задоволни со балансот, што го потврдуваат и податоците на ОЕЦД кои велат дека помалку од 1% од вработените работат прекувремено.

  • Работна недела: Помеѓу 36 и 40 часа.
  • Семејство: Мајките имаат до 20 недели платено отсуство за повеќеплодна бременост, со дополнителни опции за партнерите.

Бахреин: Спој на работа и релаксација

Иако има нешто подолга работна недела, Кралството Бахреин е високо рангирано поради својата опуштена култура и економска привлечност (нема данок на доход).

  • Работна недела: Просечно 42,9 часа.
  • Одмор: Дури 30 дена платен одмор.
  • Атмосфера: Скоро 70% од странците истакнуваат дека рекреацијата во оваа земја е исклучително достапна и лесна.

Нов Зеланд: Флексибилност во природа

Земјата на „долгиот бел облак“ се фокусира на односот на доверба. Неверојатни 91% од работниците изјавуваат дека имаат одличен однос со својот работодавач, додека половината уживаат во флексибилни услови за работа.

  • Работна недела: Просечно 42,7 часа.
  • Бенефиции: Родителското отсуство може да трае до 12 месеци, со 22 недели кои се целосно платени.

Костарика: Тропски мир и лесна интеграција

Костарика е идеална за оние кои бараат топла клима и социјална поврзаност. Егзпатите овде истакнуваат дека исклучително лесно се склопуваат пријателства, што го намалува стресот што го носи преселбата.

  • Работна недела: Просечно 40,6 часа.
  • Социјален фактор: 80% од странците во локалната култура се чувствуваат „како дома“, додека мајките добиваат 4 месеци платено отсуство.

Без оглед на дестинацијата, клучот за здрав живот во странство лежи во изборот на култура која го цени вашето време откако ќе се затвори лаптопот. Со изборот на некоја од овие земји, егзпатите значително го намалуваат ризикот од професионално согорување и добиваат можност навистина да го истражат светот во кој се доселиле.


Извор: BIZlife.rs