Светот на работникот

Јаз во довербата: Зошто вработените молчат и кога гледаат проблем?

Поголемиот дел од работниците не се осудуваат да го искажат своето мислење или загриженост на работа, покажало новото истражување на компанијата Radical Candor. Иако лидерите декларативно „сакаат да ја слушнат суровата вистина“, во пракса се соочуваат со ѕид од молк кој може скапо да ја чини компанијата.

Според податоците, дури 61 % од вработените признаваат дека често ги набљудуваат колегите како молчат, иако имаат спротивно мислење од надредените. Во моментот кога отказите и реструрирањето се чести појави, луѓето се плашат да ја кажат вистината, верувајќи дека молчењето е посигурен пат до опстанок.

Менаџерите „го казнуваат гласникот“

Проблем не е само во работниците, туку и во недостатокот на обука на оние кои ги водат тимовите. Дури 70 % од менаџерите изјавиле дека никогаш немале прилика да вежбаат давање и примање на повратните информации пред да стапат на лидерската позиција.

Неискусните менаџери често стануваат дефанзивни или, несвесно, го „казнуваат гласникот“ кога вработените ќе им укажат на грешка. Резултат? Вработените добиваат или премногу нејасни повратни информации (што тврдат 62 % од испитаниците) или не ги добиваат воопшто. Податоците покажуваат дека работниците кои добиваат лоши или нејасни критики се дури 63 % повеќе склони кон тоа да дадат отказ во наредните 12 месеци.

Страв од вештачката интелигенција: Зошто работниците не сакаат да и помогнат на технологијата?

Воведувањето на вештачката интелигенција дополнително го продлабочува јазот. Вработените се плашат дека ВИ ќе ги преземе нивните работни места, поради што се помалку склони кон тоа да укажуваат на проблеми во користењето на оваа технологија или предлагаат нови начини за нејзина примена.

Иако лидерите признаваат дека во ера на ВИ, „човечките вештини“ (како коучинг и емпатија) се поважни од кога и да било, повеќе од половина од ннив признаваат дека недоволно инвестираат во развојот на луѓето, насочувајќи ги буџетите исклучително кон технологија.

5 прашања за градење на доверба

За работниците да прозборат, лидерите мораат да докажат дека тоа е безбедно. Кристин Крузвергара, експерт за развој на кариерата, за CNBC Make It  предлага секој менаџер да им ги постави овие пет прашања на вработените уште на првиот состанок:

  1. Што сакаш, требаш и очекуваш од мене како супервизор?
  2. Што најмногу те нервира во работата или комуникацијата?
  3. Како сакаш да ги добиваш пофалбите, а како критиките?
  4. На кој начин сакаш да ти се одаде признание за добро одработена работа?
  5. На која професионална вештина работиш овие години и како можам да ти помогнам?

Компаниите кои го занемеруваат развојот на вработените и нивната психолошка безбедност ризикуваат неуспех на пазарот. Во свет кој брзо се менува, потребни ви се луѓе кои не се плашат да размислуваат креативно и да укажат на грешките пред тие да станат непоправливи.

Извор: BIZLife.rs