ЈА ПРАШАВ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КОЈ Е „ГЛАВЕН“ ВО ДЕНЕШНИОТ ПАЗАР НА ТРУД – РАБОТНИЦИТЕ ИЛИ ШЕФОВИТЕ? ЕВЕ ШТО МИ ОДГОВОРИ (НА КРАЈОТ ОРГИНАЛНИОТ ТЕКСТ)
Од вештачката интелигенција, поточно од Grock, побарав да ми напише текст од 500 зборови за тоа кој е „главен“ на денешниот пазар на труд – работниците или шефовите. Откако го генерираше текстот кој го напиша во разговорен стил, се обидов да го преведам на најдобар можен начин. Имајте предвид дека сите податоци се проверени и се точни.
Целиот текст во продолжение:
Замислете го ова: Април месец 2025 година. Пазарот на труд е како клацкалка – работниците на една страна, работодавачите на друга, и никој од нив не може да ја повлече тежината кон себе. Оттаму се поставува прашањето – кој ги држи уздите во денешно време?
Работниците се чувствуваат доста охрабрено во последниот период. Работата на далечина им даде огромна слобода која не сакаат никако да ја пуштат. Кажете му на некој дека треба да се врати во канцеларија и ќе ви се изнасмее в лице – или ќе си даде отказ. Поголемиот дел од луѓето повеќе би преферирале да се „одјават“ отколку да се откажат од комфорот на својот дом или од „половина од канцеларија – половина од далечина“ работната недела т.е. хибридниот модел на работа. Анкетите го потврдуваат ова – повеќе од 60 % велат дека флексибилноста игра есенцијална важност во нивната одлука дали ќе останат на работното место. Зошто да не? Благодарение на интернетот имаат опции. Без проблем можат да скокнат на Икс (поранешен Твитер) за да најдат некоја „тезга“ или да ги промовираат своите вештини пред светот. Луѓето од најмногу бараните занимања – како професионалците од технолошките области, здравствените херои или гуруата за зелена енергија – знаат дека се добар улов. Работодавачите не ги молат да останат, туку ги молат да одат кај нив.
Но, не ги потценувајте менаџерите – и тие добро стојат во целата игра. За почеток, во голем дел се потпираат на технолошкиот напредок. Вештачката интелигенција и машините ја преземаат физичката работа, од вртење на бургери до сортирање на пакувања. Помалата потреба од луѓе значи и помали главоболки, така? Со економијата која е на нестабилни нозе во 2025 година, некои работници играат на сигурно, преферирајќи повеќе да останат на старите работни места отколку да бараат нешто ново. Компаниите со длабоки џебови како Епл и Сепјс Екс даваат модерни бенефити – читај членство во теретани и бесплатни часови по кодирање – но сѐ уште ги пишуваат правилата. Во меѓувреме, помалите компании покажуваат снаодливост, нудејќи работи како „петоци без Зум“ или екстра неработни денови, со цел да привлечат нови луѓе без да треба да кешираат.
Значи, кој всушност е „главниот“? Зависи од која перспектива гледате. Доколку сте волшебник кој поседува ретки вештини, како сајбер безбедност или правење на електрични возила – вие буквално сте кралеви/кралици. Работодавачите би ви ја бакнувале раката за да ве задржат. Но, ако вашите вештини се базираат на работење на каса и внесување на податоци (data entry), шефот може да си дозволи да ги крене рамениците и да каже: „Следен!“. Локацијата е исто така голем фактор – работниците од градовите можат да имаат пристап до повеќе понуди за работа, додека оние од руралните средини можеби нема да ја имаат можноста да тропнат на повеќе врати.
Вистината е дека никој од нив не е надмоќен. Работниците се потпираат на нивната независност и синтагмата „земи или остави“, а работодавачите се спротивставуваат со роботи и модерни бенефити. Помалку е борба отколку што е натпревар во шах – сѐ е во стратегијата. Деновите кога едната страна ја држеше таблата се во минатото. Сега, сѐ се врти околу тоа кој ќе ги повлече најострите потези во дадениот момент.

- „Успехот“ на минатата Влада и оние пред неа: Над 32 % младинска невработеност, една од највисоките во Европа - 28/04/2025
- ГРАДЕЖНИШТВОТО ОДЗЕЛО НАЈМНОГУ ЖИВОТИ НА РАБОТНИЦИ ВО 2024 ГОДИНА – Еве во кои дејности имало најмногу повредени - 28/04/2025
- Справување со токсични колеги: Водич за одржување на разумот - 25/04/2025