Ампева: Сите што го гласаа спорниот закон, да одат по 60 часа неделно да работат со градежните работници
Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева на фејсбук излезе со реакција за пресудата на Уставниот Суд за Законот за изградба без тендер на автопатите од Коридорите 8 и 10, која е во корист на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
„Сите што го гласаа спорниот закон, да одат 60 часа неделно да работат заедно со градежните работници на автопатот. Ради пусти пари и тендерчиња плукнавте по сопствениот народ. Овоа го нема никаде! Никаде! И опозиција и позиција и у*ран суд! Затоа народот ќе ни се отселува и нема верба во сопствената држава! Срам да ви е на сите до еден!“, напиша Ампева на Фејсбук.

