ПравдаСветот на работникот

Кочовски: „Истакнатите правници“ и Уставниот суд немаат проблем со тоа работниците да работат 60, наместо 40 часа неделно

Фејсбук статус на Бобан Кочовски, Претседател на Движењето за социјална правда „Обединети Работници“:
 
„Уставниот суд и “истакнатите правници” во него немаат никаков проблем работниците да работат 60 работни часа во текот на неделата, наместо предвидените 40, согласно ЗРО!
Пратениците кои не мрднале од канцеларија и зимаат 1500€ секој месец пари од народот – исто така го дадоа својот амин на ова скандалозно кршење на работничките права!
И “истакнатите правници” и пратениците ден немаат поминато меѓу вистинските работници, а поготово не меѓу оние кои се ангажирани да работат на сонце, на 40+ степени, по цел ден и цела ноќ, а камо ли 60 часа во такви услови.
Срам сте за државава. Толку.