Според Кристина Ампева од “Гласен Текстилец”, добро е што почна вакцинирањето на вработените од приватниот сектор, но текстилните работници требало да бидат ставени на приоритетна листа заедно со критичната инфраструктура.
Сега е важно вакцинираните работници да добијат ист третман како и вработените во јавниот сектор, а оние со поствакцинален синдром да бидат ослободени од работа:
-“Ако сакаме да имаме повеќе вакцинирани лица, повисока вакцинална стапка, сметам дека не треба цело време да “препорачуваме” на приватниот сектор, туку надлежните министерства, МТСП и МЗ, да бидат јасни и кажат дека работниците кои пројавиле симптоми, потешкотии по вакцинацијата, треба да бидат ослободени од работа”.