ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Анкетно прашање: 88% не се задоволни од нивната моментална плата

Голем број од следачите на фејсбук страната на порталот Работник постојано коментираат дека не се задоволни од нивните плати, па поради тоа Порталот Работник дојде до идеја да спроведе едно кратко анкетно прашање кое гласеше: „Дали сте задоволни со вашата моментална плата?“. 

Во рок од 22 часа, најголем дел од испитаниците, односно 88% одговориле со „НЕ“ или дека не се задоволни со платата, додека 12% одговориле со „ДА“ или дека се задоволни од нивните моментални плати. 

Незадоволството изразено преку анкетното прашање е сосема очекувано, бидејќи како и што споменавме погоре, најголем дел од коментарите коишто ги добиваме се однесуваат токму на платите кои според следачите се недоволни за живот. Ниските плати се и една од причните поради кои луѓето ја напушаат Македонија и се преселуваат во западноевропските држави. 

Имено, моменталната минимална плата изнесува 14.934 денари, додека просечната плата за ноември 2020 година изнесува 27.588. Од друга страна, вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември изнесува 33,742 денари. Според овие податоци, просечната плата е за 6,154 денари помала од минималната синдикална кошница која ги опфаќа неопходните потреби, за да може едно четиричлено семејство да ги задоволи основните потреби.

Ветувањето на Премиерот Заев за просечна плата од 34,000 денари во следните четири години 

Премиерот Зоран Заев неодамна вети дека во следните четири години дека Владата ќе се заложи за тоа да просечната плата биде 34,000 денари, во следните четири години. 

Сепак, Комисијата за економија на ВМРО – ДПМНЕ, повикувајќи се на проекциите на Министерството за финансии го демантираше Заев.

Согласно проекции на Министерството за финансии за растот на платите во наредните 4 години, дискутабилно е дали просечна плата ќе достигне ниво од 30.000 денари (ветување на СДСМ од 2016 година), а да не зборуваме за ветувањето за плати од 34.000 денари и просечна плата од 20.000 денари.

Пресметка: Просечната нето-плата за 2020 година врз база на тенденциите во првите 11 месеци заклучно мецес ноември, ќе биде околу 27.000 денари.

Ако просечната нето-плата расте согласно проектираната динамика од страна на Министерството за финансии (3% во 2021, 3.5% во 2022, 3.9% во 2023 и 4.1% во 2024), тогаш би изнесувала:
2021 година – 27.810 денари
2022 година – 28.780 денари
2023 година – 29.900 денари
Јули 2024 година – 30.500 денри

П.С Ќе ни требаат нови железни опинци и сидрото кои влече “напред” за да се сокријат лажните ветувањата на СДСМ и Заев, напишаа на фејсбук од Комисијата за економија на ВМРО – ДПМНЕ.

Бобан Илијевски