МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) Кој е мотивот на Раководството АД „ЕСМ“ да го уништи синдикатот?

Причината е за моето распоредување на повеќе од 120 километри е јасна, а тоа е спречување на моите синдикални активности, истакна вчера Претседателот на Синдикалната подружница Енергетика – Скопје при Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија – ССЕРИ, Димче Грков, во вчерашното гостување во Порталот Работник. 

„Со самото тоа што раководството на АД „ЕСМ“ ме распределува повеќе од 12 километри од сегашното работно место, јасно става дознавање дека ме спречува во извршувањето на моите синдикални активности“, рече Грков.

Грков посочи дека ова што го зборува е така, покажале и изминатите три години, од почетокот на 2018 до денеска. 

Тој истакна и дека по негоиот реизбор за претседател на синдикалната подружница, од страна на раководството на АД „ЕСМ“ биле сопрени сите парични текови на синдикатот, по основ на чланарина која била задржувана од нивните членови и по однос на рати за дадени позајмници кои тие како синдикат ги давале.

Посочи дека во третиот месец од 2018 година, започнала офанзива за формирање на нов синдикат или мултиетничкиот синдикат на образование кој функционира во нивната компанија. Се назначиле синдикални претставници кои, како што вели Грков, принудно им делеле пристапници на вработените во АД „ЕСМ“. 

Бобан Илијевски