ВИДЕО + ФОТО | КСС на протестот: Вработени се бркаат од работа, не се почитуваат законите – ЗОШТО СМЕ ИГНОРИРАРАНИ ОД ВЛАДАТА?
Извештај: Бобан Илијевски
Фото: К.Ј.
Без социјална правда, нема социјален мир, беше мотото на денешниот протест на гранските синдикати при КСС кој започна од Собранието, па заврши пред Владата на Р.М.
На протестот свое обраќање имаше Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија Благоја Ралповски се заблагодари на поддршката од страна на присутните и на синдикатите и граѓанските организации кои го подржаа протестот.
Сите синдикални организации во Македонија се здружија денеска. Благодарност до КСОМ, УНАСМ, до сите грански синдикати на КСС кои го поддржаа овој протест и благодарност до невладините организации кои се денеска тука, рамо до рамо со нас. Гордост и одговорност е да се биде тука, рече Ралповски, а потоа вртејќи се кон Владата рече: Но дали овие пред нас имаат гордост и одговорност да застанат пред нас. Дојдовме да им кажеме дека треба да престанат со манипулациите, да престанат со омалажувањето, затоа што без социјална правда нема социјален мир, рече Ралповски.
Тој истакна дека од Собрание дошле пред Влада за да го побараа она што законски им следува. Уште еднаш порача да се прекине со манипулации и додаде дека решението е едноставно – покачување на бодот согласно Законот за административни службеници.
Проблемот е решен за половина, немојте да не манипулирате во јавноста. Решението е кај вас, излезете тука пред нас да ја кажете причината зошто не игнорирате, рече Ралповски.
На протестот се обратија и Претседателот на Самостојниот синдикат на работниците од енергетика рударство и индустрија, Васко Перчаковски и Претседателот на Синдикатот на полиција во Македонија, а во знак на поддршка се обрати и Претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Перчаковски рече дека Раководството на АД ЕСМ не ги почитува законите и дека има ставено забрана за синдикално делување на синдикатот во компанијата и дека си поигрува со работниците.
Вработените во енергетските компании, секогаш биле столбот на државноста, имале општествена одговорност и биле полначи на буџетот на Република Македонија. Во изминатиот период се соочувме со разни предизвици во својата работа и секогаш се одговорале со надчовечки напори, во време на пандемија, енергетска криза, а сега е доведена во прашање нашата егзистенција и нашите плати. Раководството се повикува на соработка и помош од Владата, но никаде нема ставка за вработените. Јавно кажуваат дека помошта од Владата ја користат кон изведувачи и други набавки, а нема дел за вработените, рече Перчаковски.
Единствено што бараат, истакна Перчаковски, е почитување на законите.
- Како прво барање е пресметката на основицата на платата да биде минималната плата, а не сума од 11,450 денари, за вработените во енергетксиот сектор
- Почитување на законот за недела неработен ден, кој не се спроведува во ЕСМ
- Пораст на платата согласно порастот на животните трошоци
- Почитување на Законот за безбедност и здравје при работа и овозможување на заштитна опрема на вработените која не им е дадена 3 години.
Перчаковски постави и три прашања до Владата:
- Зошто раководството на ЕСМ не постапува по извршните судски пресуди и со самото непочитување се плаќаат дебели казни од нашите џебови?
- Зошто раководството врши притисок преку распоредување и бркање од работа на синдикалните претставници?
- Зошто се‘ уште не е исплатена плата за втори месец на вработените во ЕЛЕМ Турс кое е ДООЕЛ друштво на ЕСМ?
Нивните изјави, како и дел од протестот можете да ги проследите во видеото во прилог:
























