ЕкономијаМакедонија

Викендов во Гостивар бизнис саем за производители

Компании од земјава ќе можат да ги претстават своите производи пред домашни и странски партнери на бизнис саемот во Гостивар што ќе се одржи во сабота.

Како што беше најавено денеска на прес-конференција во Тетово, по саемот, во недела ќе се одржи и бизнис форум.

-Саемот ќе се одржува во спортската сала Младост. Целта е компаниите од земјава да се спојат со странски компании кои се подготвени во веќе постоечки бизниси. Компаниите ќе се претстават на штандови со какви капацитети и какви производи имаат и ќе разговараат околу тоа дали е потребна странска инвестиција или извоз на нивните производит. Се надевам дека ќе има добри бизнис зделки, рече Боби Јанкоски, претставник на маркетинг и менаџмент агенцијата „Еуростеп“ од Скопје.

По саемот во Гостивар, организаторите предвидуваат такви средби и во Струга, Штип, Крушево, Кочани и Куманово.

-Отворањето е во сабота во 10 часот, а ќе присуствуваат заменик градоначалникот на Гостивар, претставници од Агенција за странски инвестиции и неколку градоначалници. Компаниите ќе имаат можност да се претстават со производи, а во недела од 11 часот почнува и бизнис форум. Тоа ќе биде можност за претставување на капацитети, инвестициски можности, бизнис едукација и вмрежување, дополни Боби Јанкоски.

Агенцијата предвидува бизнис саеми и форуми да се организираат и во Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, како и на Малта.