Владата се залага за зголемување на сите плати во државата, уверува Министерството за финансии
„Владата се залага за зголемување на сите плати во државата, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните. Поткрепа за ова е континуираниот раст на платите во јавниот и приватниот сектор и покрај неколкуте напоредни глобални економски кризи во изминатите три години“, соопшти Министерството за финансии.
Целта на Владата, како што се посочува, е да се воспостави воедначено, системско решение кое ќе биде фискално одржливо на долг рок и кое соодветно ќе го валоризира трудот на работниците.
Од МФ очекуваат преговорите во ЕСС да продолжат и наскоро заеднички да се дојде до одржливо решение прифатливо за сите страни.

