Во кои ситуации може да се зголеми основната плата?
Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија:
Секој работник при извршувањето на своите работни обврски има загарантирано право на плата.
Основната плата на вработените лица може да биде зголемена во неколку ситуации, и тоа:
– 35% по сработен час за вршење на прекувремена работа
– 35% по сработен час за вршење на ноќна работа
– 5% по сработен час за вршење работни обврски во три смени
– 50% по сработен час за вршење на работни обврски во ден на неделен одмор
– 50% за работа на празник и неработен ден
– 0.5% за секоја година работен стаж
Извор: КСС

