МакедонијаПравдаСветот на работникот

Во најголемата фабрика во охридскиот регион “Костал Македонија” – 10 вработени позитивни на Ковид 19

   Време за читање 2 минути

Коронавирусот се појави и во една од најуспешните странски инвестиции во охридско-струшкиот регион, ‘’Костал Македонија’’ со над 780 вработени.Од Центарот за јавно здравје потврдуваат дека опасниот вирус за сега е дијаностициран кај 10 вработени во компанијата, која е дел од германскиот гигант за произвотство на автомобилски делови.Заразата во Костал ја донела вработена која пак вирусот кај колегите го пренела од заболен член на семејството. Директор на компанијата Виктор Мизо вели дека строго се почитувале сите пропишани мерки на претпазливост и додава дека до овој момент покрај заразените, во изолација се уште 16 вработени.

“Секој викенд се врши целосна дезинфекција на сите работни простории во администрација и во производство,така што вирусот е донесен од надвор. Продолжениот празничен викенд мината недела беше неработен за вработените во одделите каде работат повеќето од заразените, а овој викенд се применува алтернативна работа во две смени “- вели Мизо.

Костал произведува автомобилска и индустриска електроника за најпознатите светски автомобилски брендови.Ковид -19 предизвика пад на економијата и криза во светски рамки, но се опоравивме вели Мизо.И да падне обемот на работа,имаме нови клиенти поради тоа очекуваме позитивен биланс во 4-тиот квартал од оваа и почетокот на првиот квартал од идната година. Инаку коронавирусот на средината од месец мај времено ја затворипрвата странска инвестиција во охридско-струшкиот регион, ‘’ОДВ Електрик’’,како и голем број фабрики во земјава. Работодавачите се почесто на потенцијалните кандидати за вработување им бараат да приложат негативен корона тест,што за епидемиолозите е дискубилно.

“Доколку фирмите институциите, ги почитуваат мерките и доколку имаат некој увид каде им се движат вработените дали се грижат за својата безбедност и за безбедноста на вработените во фирмата, тогаш има некоја логика  да знаат дека вработенот кој што влегол на тој и тој ден е негативен на корона, а потака начините како тие ќе го следат неговото движење и практивување на мерките на заштита, тоа е нивна работа.”- вели Сашо Точков-директор на Центар за јавно здравје Охрид.

Во моментов целосниот ефект од запирањето на економскиот живот воопшто не може да се процени,велат експертите, само е јасно дека оваа економска криза ќе биде многу по-силна од сите досегашни економски кризи што ги имаме доживеано после втората светска војна.

Извор: Алфа.мк