Да се покачат платите на работниците во „Комуналец”, изгласаа кавадаречките општински советници
Да се покачат платите на работниците во ,,Комуналец”, едногласно изгласаа кавадаречките општински советници на денешната седница. Покачувањето е околу десет проценти, од техничар до општ работник.
Советникот Лазар Туриманџов потсети дека и 2018 година имаше вакво покачување, комуналните работници имаат зголемени активности а градот е чист.
Градоначачникот Митко Јанчев ја пофали сплотеноста на Советот на општината, за, како што нагласи, доброто на Кавадарци. Тој го пофали и работењето на комуналното претпријатие, а се осврна и на соработката со Владата.
Доколку се биде во ред, градоначалникот најави и ново покачување до крајот на годината.

