Заев: Работиме на отворање на повеќе градинки, со што на жените ќе им се овозможи поголема активност на пазарот на труд
Фејсбук статус на Премиерот Зоран Заев:
Невработеноста за вториот квартал од 2021 година на историски најниско ниво од 15,9%. Во споредба со истиот период во 2020 година, истата е намалена за 4,8%. 
Оваа Влада посветено работи на корекција на овој дисбаланс преку активните мерки за вработување каде оваа година за првпат се воведе принцип на искористување на овие мерки во сооднос 60% за жени и 40% од буџетот да бидат издвоени за поддршка на вработување на мажи.
Земајќи ги предвид традицијата и нискиот опфат на деца во претшколска дејност, оваа Влада работи на изградба и отворање детски градинки низ целата земја како никогаш до сега, што дополнително треба да влијае на активирање на голем дел од женската популација на пазарот на труд.

