Вести

Зошто треба да го користите ChatGPT во креирањето на вашето CV? ОВИЕ АЛАТКИ ЌЕ ГО НАПРАВАТ ПОДОБРО

ChatGPT стана популарна алатка за барателите на работа. Повеќе од половина, 51 % од луѓето го користеле ChatGPT при пишувањето на нивните CV-ја, покажува анкетата на ResumeBuilder.com, спроведена во феврурари 2023 година, на 1,000 сегашни или досегашни баратели на работа.

Оваа алатка е „ултимативниот код за скратување на процесот на пишување на CV“, рекла неодамна Маделин Макадо, кариерен стратег, за CNBC Make It. Постојат повеќе начини на кои може да се користи. Можеш, на пример, да побараш од ботот да го оптимизира твоето CV за дадена работна позиција или да побараш да ги извлече клучните зборови од описот на работната позиција кои потоа можете да ги вклучите во вашето CV.

Поранешниот регрутер во Гугл, Нолан Чрч препорачува да се користи за уредување на CV-то на различни начини. „Премногу е лесно да се користат алатки како ChatGPT или Grammarly… за да ви помогнат, не само со интерпункцијата и граматиката, туку и со јаснотијата“, рекол тој.

Чрч, кој сега е извршен директор на компанијата Continuum, скоро ја употребил алатката за да му помогне на негов пријател со CV-то. Неговата цел била истото да го направи поконцизно. „Одлично изгледаше“, рече тој мислејќи на ботот. Чрч само го копирал и залепил CV-то во ChatGPT, му дал насоки да го скрати и видел што може да направи.

За што и да одлучите да ја користите алатката, од проверување на граматички грешки до пишување на целосно CV, Чрч ги потсетува сите да го прегледаат она што ќе го генерира ChatGPT. Иако му се допаднало како ботот го „искроил“ CV-то на неговиот пријател, сакал да прочепка уште малку дури и после добивањето на резултатите. Дајте им и на други луѓе да го прегледаат, препорачува тој.

Постои уште една причина поради која Чрч советува да се користи ChatGPT при пишување на CV-то: помага да останете во тек со најновата технологија.

Како вработен, „ако користите алатки кои ви помагаат да произведете подобри резултати, го обожавам тоа“, вели тој. Таа технологија може да ве направи попродуктивни, може да обезбеди вашата работна задача да биде појасна и може да ви помогне да имплементирате практики кои, на крајот, ќе направт целиот ваш тим да биде поефикасен.

„Ако не користите алатки кои можат да ви помогнат да креирате одлично CV, ќе претпоставам дека не ги користите ниту алатките кои можат да ви помогнат да бидете одличен вработен“.