ЕкономијаМакедонија

ИТ компанија од Скопје со својата работа помага на развојот на помали надежни локални бизниси

Партнери им се четири светски компании кои се на првите десет места на листата на „Fortune500“, а клиенти фирми кои произлегле од Стенфорд и Харвард, сепак во Скопје најблиски соработници им се мали локални бизниси со кои негуваат посебен однос. Приказната на Симфони Дигитал освојува на „прва“, нивниот деловен стил инспирира и иако е реткост дома, носи надеж за промени и овде. Симфони Дигитал е компанија која примарно се занимава со компјутерско програмирање, а ИТ компаниите секако се свежина, лидери во деловниот свет по многу карактеристики. Оваа скопска компанија е дел од Групацијата Симфони која пак постои повеќе од 15 години. Станува збор за брзорастечка фирма чиј што стил на работа се разликува од оној на кој сме навикнале овде. Глобално таа стои рамо до рамо со најкреативните претприемачи во Силиконската долина и глобалните играчи во светот. Развојниот центар во Скопје е основан во 2019 година, а денес работи со тим од 50 искусни професионалци. Но, зошто заслужуваат аплауз и како успеаја и во услови на пандемија, работата да ја прилагодот така што ќе помогнат на развојот на други, многу помали, помалку познати, а надежни мали бизниси? 

Повеќе на Фактор.мк